Бранителот Миле со правосилна пресуда од Апелационен суд е осуден на смрт со три годишна казна затвор. Само затоа што во неговата викендица, веднаш по неговото пензионирање, му нашле 262 куршуми за автоматска пушка кои не стигнал да ги раздолжи во МВР и два куршуми од тежок митралез кои ги задржал како сувенир од војната во 2001 година, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов во својот Фејсбук статус.
Ангелов коментира дека можеби на прва изгледа чудно да се чуваат вакви сувенири, но ако се знае дека бранителот Миле целиот свој работен век го помина во МВР, носејќи оружје и униформа, почнувајќи од полицаец па до командир на полициска станица, се’ добива сосем поинаква димензија.