Пожарот што избувна вчера во областа межу Штипскиот затвор и село Драгоево е целосно изгаснат и нема опасност да се прошири кон населените места, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Ангелов додава дека во моментов нема активни пожари на отворено. Вчера имаше 29 активни пожари на отворено низ целата цржава, но сите се угаснати.