Мостот „Беласица“ кој води од Железничката станица кон „Ист Гејт“ ќе биде целосно затворен за пешаци и моторни возила сè додека не се санираат штетите од големиот пожар кој го зафати долниот дел од мостот.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов ја објави одлуката која ја донесе Град Скопје.
-Пожарникарите излегле веднаш на терен, но не смееле да гаснат затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот. Заклучокот бил дека има само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средината поминува цевка со дијаметар од еден метар низ која има топла вода за парното во Скопје. Благодарение на нивната акција пожарот бил ставен под контрола и целосно изгаснат до 4 часот, кажа Ангелов.