Градот Скопје е во целосна нефункционалност и наместо реализација на оние проекти којшто беа ветено во програмата ние гледаме секојдневно скандали и нови ескалации во Градот и во сите јавни претпријатија, истакна советничката во Град Скопје, Емилија Ангелова на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“.
„Имавме многу голем штрајк во ЈСП, граѓаните не можеа да стигнат на своите работни места заради тоа што беше целосно блокиран јавниот превоз и овде освен празни флоскули и обвинувања како што умее да направи градоначалничката не видовме никаква реализација на ветените барања од превозниците. Градот беше целосно блокиран, граѓаните остнаа без јавниот превоз и можеме да кажеме дека навистина се одрази на нивното секојдневно живеење и егзистирање во градот. Имавме протест на спортските клубови во Ѓорче Петров со години користени спортски сали, нешто за кое во програмата рековме дека ќе се обврзе градоначалничката да се развива спортскиот дух на младите и на децата, но во момент беше сето тоа заборавено, стопирано, штрајкуваа спортските клубови затоа што им беа одземени салите за коишто прописно си плаќаа надомест и воопшто немаа никаква вина за одземањето на салите. Веројатно беше тоа само хир и каприц на градоначалничката како и секојдневно што тоа го гледаме, потенцираше Ангелова.
Таа додаде дека ситуацијата кулминираше и во Комунална хигиена каде доколку не беа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои веднаш се организираа за собирање на сметот последиците можеа да бидат многу поголеми.
Кулминира протестот со „Комунална хигиена“ и да не беа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ сметам дека навистина ќе се предизвикаше голем здравствен проблем. Веднаш се одзваа и во интерес на граѓаните и впрочем во интерес на оние коишто ги изгласаа, заради кои што постојат градоначалниците, излегоа на терен, го собраа сметот со помош на механизација и човечки ресурси од други општини. Се до оној момент додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не излегоа со конкретни решенија за решавање на проблемот со сметот не беше повикан кризниот штаб и мислам дека ќе се продлабочуваше уште повеќе проблемот, меѓутоа откако сето тоа се случи благодарение на нашите градоначалници почна да се движи 1%, не повеќе од тоа. Иако гледаме по медиуми објавува некоја победа, не знаеме врз што е победата, заради тоа што граѓаните ја избраа нејзе и нас како легитимни советници за да работиме во нивен интерес и тука нема остварување на победи, туку има реализација на проекти во интерес на граѓаните“, рече Ангелова и додаде:
„Сметам дека голема нефункционалност постои во однос и на оној момент што во една ипол година 32 директори да бидат променети тоа значи дека или недоволна изменаџираност со човечки ресурски, недоволно добро избирање на директори коишто не знаат да си ги извршат своите работни задачи“.