Анкета пред вториот круг на локалните избори во Скопје – Ѓорѓиевски со двојна предност пред Мециновиќ

Според најновата анкета на ИПИС, спроведена непосредно пред вториот круг од локалните избори во Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, има 31,2% поддршка, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, бележи 16,6%.

Истражувањето покажува дека 20,3% од анкетираните не би гласале за ниту еден кандидат, а 31,9% се изјасниле како неодлучни или не сакале да дадат одговор.

Овие податоци ја откриваат двојната предност на Ѓорѓиевски пред неговиот противник Мециновиќ, додека вниманието сега е насочено кон вториот круг на локалните избори, кој е закажан за недела, на 2-ри ноември.