Голема доверба на граѓаните ужива новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење спроведено од МКД.мк и агенцијата Маркет вижн.
Според истражувањето, најголемиот проблем со кој градоначалниците во Скопје и во другите општини треба итно да се справат е хигиената во градот.
Граѓаните го оценуваат проектот „Безбеден град“ како многу добар и сметаат дека треба да се воведе и во други градови низ земјава.
На прашањето колку се задоволни од работата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, речиси половина од испитаниците – точно 49 отсто – дале позитивен одговор, додека 44,6 отсто изразиле незадоволство.


