Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 јули 2022 на 1114 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.
Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии, како и за одредени актуелни прашања во моментот.
Дури 72,80 проценти од етничките Македонци и 56 отсто од вкупниот број на испитаници, НЕ би прифатиле почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да се согласи со „францускиот предлог“.
Најголем дел од испитаниците Македонци (62,80%) сметаат дека новиот предлог е ист како претходниот со мали, козметички, несуштински измени.
Од вкупниот број на испитаници, само 28,8% веруваат дека предлогот е нов, а 48,2% го тврдат спротивното.
Од испитаните етнички Македонци, дури 67,7% се изјасниле дека ги поддржуваат протестите со кои се отфрла „францускиот предлог“.