ИПСОС овој месец од 2 до 21 септември спроведе анкета на 1025 испитаници на прашања поврзани со актуелните теми во земјава.
Меѓу прашањата за кого би гласале на следните избори и како ја оценуваат работата на пратениците, се најде и прашањето што мислат македонските граѓани за Францускиот договор помеѓу Македонија и Бугарија.
Дури 61.8 проценти од граѓаните не го подржуваат Францускиот предлог, додека катастрофално помал број го поддржуваат.
Од испитаниците само 25.1 проценти дале зелено светло и поддршка на Францускиот договор, односно ставање на бугарските барања во преговарачката рамка за влез во ЕУ.