ВМРО-ДПМНЕ би излегла како апсолутен победник доколку оваа недела се одржат парламентарни избори, покажуваат резултатите од теренската и телефонската анкета што за потребите на партијата ги спровеле ИПСОС и ИПИС. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на брифинг со новинарите првпат ги обелодени бројките, според кои партијата би освојила од 25 до 28 проценти од вкупниот број гласови.

Теренското истражување било реализирано цел месец ноември од страна на ИПСОС, а телефонската анкета ја спровел ИПИС во период од половина месец. Истите агенции ги обработиле и процентите што ги добиле останатите политички субјекти.

Според истражувањето доколку оваа недела би се одржале избори од вкупниот број на гласови партиите би освоиле::

  • ВМРО-ДПМНЕ: 25% – 28%

  • ВРЕДИ: 7% – 8%

  • Левица: 6% – 8%

  • СДСМ: 6% – 8%

  • НАИ/ДУИ: 6% – 8%

  • ЗНАМ: 3% – 4%

  • Останати партии: 2% – 3%

  • Неопределени: 7% – 8%

  • Одбиваат да одговорат: 14% – 15%

  • Не би гласале: 20%

Како што посочија од ВМРО-ДПМНЕ, резултатите од ИПСОС и ИПИС укажуваат дека доколку изборите се одржат во овој момент, партијата би била „апсолутен победник во Македонија“.