Резултатите од анкетата, во делот за општина Радовиш, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ацо Ристов.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 22.8% од испитаните граѓани. Зад Ристов е кандидатот на СДСМ, Коле Черакчиев за кој довербата ја дале 19,5% од граѓаните.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Кавадарци покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 29.1% од испитаните граѓани. Зад Jанчев е кандидатот на СДСМ, Горан Тодоров за кој довербата ја дале 21,3% од граѓаните.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Свети Николе покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Владев.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 25,6% од испитаните граѓани. Зад него е кандидатот на СДСМ, Сашо Велковски за кого 22,5% од испитаниците кажале дека ќе гласаат за него.