На наредните избори 15,2 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн рекле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, a 13,5 отсто за СДСМ. Од политичките партии на Албанците во Македонија, ДУИ и натаму е во водство – 6,8 %, Алијанса за Албанците 3,4%, а за Беса би гласале 1,9 отсто од испитаниците.

Ако се споредат резултатите од одговорите на прашањето за испитаниците за тоа за која партија гласале на минатите избори (СДСМ 18,2%, ВМРО-ДПМНЕ 15,1%, ДУИ 10,2%, АА 3,3 %…), тогаш очигледно е разочарувањето на гласачите од партиите што се дел од владејачката коалиција.

Според националната припадност на оние што одговориле дека ќе гласаат на наредните избори, кај Македонците за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 14,7 отсто од испитаниците, а за СДСМ -10,9 отсто. Се намалува поддршката на СДСМ кај албанското гласачко тело – пред една година беше 0,6%, а денес е 0,1 отсто.

Се зголемува и заинтересираноста на гласачите за излегување на гласање – 66,5%, а со „не“ и „не знам“ одговориле 31% од гласачите. Одбиле да одговорат на ова прашање 2,5 отсто од испитаниците.

Истражувањето е спроведено од 18 до 23 јуни на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници. Останатата статистика можете да ја погледнете со клик ТУКА.