Речиси една третина од Русите веруваат дека воените акции во Украина треба да се прекинат што е можно поскоро, објави порталот Медуза повикувајќи се на резултатите од затвореното истражување на јавното мислење на провладиниот Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).
Како што пренесе БЕТА, во анкетата нарачана од Кремљ, а спроведена на крајот на јуни, на испитаниците им било поставено прашањето: која гледна точка им е поблиска – дека непријателствата во Украина треба да се прекинат што е можно поскоро или дека не треба да запрат.
Резултатите покажаа дека 30 отсто од граѓаните сѐ за што побрзо прекинување на војната, додека 57 проценти сметаат дека војната треба да продолжи, 13 отсто од испитаниците одбиле да одговорат.
Истражувањето покажа дека 56 проценти млади на возраст од 18 до 24 години се за прекин на војната, а 43 отсто од испитаниците на возраст од 25 до 34 години дале ист одговор.
Мнозинството повозрасни испитаници односно 60,72 проценти се изјасниле за продолжување на војната.
Порталот Медуза наведува дека за потребите на Кремљ било истражувано дали испитаниците се информираат преку интернет или телевизија.
Кај активните корисници на интернет, 47 отсто се за прекин на војната, а 35 проценти за нејзино продолжување. За испитаниците чиј извор на информации е телевизијата, 68 отсто се за продолжување, а 22 проценти за прекин на војната.