По трите неуспешни обиди за формирање на коалициска влада во Бугарија од страна на трите партии кои освоија најголем број на гласови на изборите одржани на 4 април, беше донесена одлука да се воспостави техничка влада која ќе раководи со државниот апарат се составот на новата влада.

Предвремените парламентарни избори на кои граѓаните ќе одлучат која партија сакаат да ја води државата се закажани за 11 јули, а веќе се објавуваат и првите анкети за рејтингот на партиите.

Последната анкета направена од 10 до 15 јуни на примерок од 1.008 испитаници, покажува пораст на рејтингот на партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов.

По него, следуваат ГЕРБ на Бојко Борисов и коалицијата на Бугарската социјалистичка партија кои имаат по 21 отсто од поддршката на граѓаните, со што БСП е во пораст, а ГЕРБ се повеќе ја губи поддршката.

Новата коалиција на партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и Ангел Џамбазки кои се се пожестоки во својата анти-македонска реторика и понатаму продолжува да тоне, а нивниот рејтинг, заедно со партиите Волја и НФСБ, изнесува само 5 проценти што повторно го става под знак прашалник нивниот евентуален влез во парламентот.

Погледнете ја целата анкета: