Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои граѓаните на Македонија имаат доверба. Партијата ВМРО-ДПМНЕ и натаму е првата политичка партија за која македонските граѓани повторно би гласале ако утре се одржат нови парламентарни избори. За првпат коалицијата Вреди е пред ДУИ, а СДСМ после ДУИ. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.

За новото раководство на СДСМ и предизвиците со кои се соочува по последните избори, и капацитетот да се обнови партијата и креирање политика прифатлива за граѓаните, испитаниците на ова истражување имаат голема резерва. Повеќе од 48 отсто од испитаниците не веруваат во тој капацитет и способност да се креира нова политика, а 18,4 одговорија потврдно на ова прашање.

 

А ова се потврдува и со рејтингот на партијата, песимизмот преовладува во однос на можноста за обновување на партијата.

На прашањето кога следните избори би се одржале утре, за која политичка партија би гласале, за 21,5 % од гласачите изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 5,5% од гласачите е коалицијата Вреди (Влен), за ДУИ би гласале 5,4%, за СДСМ 3,9%, за Левица 2,9%, за ЗНАМ 2,1%… Повеќе од 50 отсто од испитаниците на ова истражување одговориле дека не сакаат да одговорат, дека нема да гласат, дека се уште не се определиле и дека не знае за кого да гласа.

Ова истражување покажува дека довербата во Мицкоски е поголема од партискиот рејтинг. Она што е исто така интересно е дека за првпат во албанскиот блок коалицијата Вреди има поголема доверба од ДУИ.