Ѓорѓиевски со убедливо водство пред ривалите

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, има повисок рејтинг од првите четворица негови противкандидати заедно. Анкетата на Институтот за политички истражувања – Скопје, спроведена за потребите на МРТ, покажува дека Ѓорѓиевски ужива поголема доверба од Каја Шукова (СДСМ), Амар Мециновиќ (Левица), Башким Бакиу (ДУИ) и Горан Марковски (Независни заедно).

Песимистички погледи за насоката на градот

На прашањето во каква насока се движи Скопје, над 50,3% од анкетираните сметаат дека градот се движи во погрешна насока. Дури 38,2% изјавиле дека квалитетот на живот во главниот град е значително полош во споредба со претходните години.

Поддршка за партии и советнички листи

Кога станува збор за поддршката за партии, 42,6% од испитаниците очекуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. На прашањето за кого би гласале, 29% го избрале Ѓорѓиевски, а 29,6% останале неопределени. За Шукова се изјасниле 8,1%, за Мециновиќ 7,3%, за Бакиу 6,2% и за Марковски 5,9%. Во делот за советничките листи, 24,2% би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 7,7% за СДСМ, 5,8% за Левица и 2,2% за Независни заедно.