Претседателката Мизрахи не открива за кого станува збор и дали ќе бидат повикани како сведоци пред Комисијата, уверува дека нема да бидат парасудски орган, но ќе бидат првата Комисија која ќе ја заврши работата а наодите и заклучоците ќе им послужат и на истражните органи.

„Согласно наодите од медиумите би требало да се информираме не само од актуелниот министер туку и останати министри. Можам да потврдам дека ќе имам состанок со одредени министри во Собранието“, изјави Мизрахи.

Анкетната комисија во Собранието која ќе утврдува дали има политичка одговорност во скандалот на Клиниката за онкологија и дали се прекршени правата на пациентите денеска ја одржа првата седница. Претседателката на комисијата, Рашела Мизрахи, попладнево ќе разговара со поранешни министри за здравство

„Бараме политичка одговорност. Таа е објективна. Од наодите на анкетната Комисија може да произлезат заклучоци кои се основа за поведување на постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции согласно член 76 од Уставот Искрено се надевам и верувам дека ова ќе биде првата анкетна комисија која ќе ја заврши работата, ќе утврди наоди и ќе предложи решенија“, рече Мизрахи, по седницата.

Анкетната комисија нема судски овластувања и нема да се однесува како инквизиција, ќе работи објективно и ќе донесе заклучоци врз основ на релевантни и вистинити факти, а наодите и решенијата на Комисијата може да им послужат и на истражните органи, најави претседателката Мизрахи

Прочитајте повеќе на mk.voanews.com