Додека Апасиев и Левица добиваа поддршка и ресурси од Заев и СДС, беа дел од т.н. „шарена револуција“ и уживаа во нивната политичка прегратка. Кога тој извор пресуши, почнаа меѓусебните напади.
Додека беше финансиран од СЈО, Апасиев ги величеше. Кога „чешмата“ се затвори, започна со навреди и напади.
Иако јавно глуми антиелитист, Апасиев ги користи сите привилегии што наводно ги презира – службено партиско возило, возач и обезбедување.
Факт е дека Левица беше преземена и претворена во приватна партиска структура, што денес е предмет на судски спор. Врхушката си исплаќа хонорари, а трошокот го поднесуваат членството и државниот буџет.
За разлика од тоа, јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ од својата 18-та година. Активен и кога сум имал функција и кога сум немал. Без фотелји, без привилегии. Мојата мотивација секогаш била кауза и вредности, а не пари и позиции.
Нервозата кај Апасиев не е случајна. Очигледна е фрустрацијата поради неговото исфрлање од ВМРО-ДПМНЕ, како и фактот што континуирано му ги разобличувам популистичките политики и вистинските мотиви – пари, привилегии и функции.
Кога нема аргументи, следуваат мемиња.
Тој нека фотошопира.
Јас продолжувам да работам жестоко во интерес на Македонија
