По тој основ, прекршочната комисија изрече парични казни во износ до 400 евра.

Покрај овие, Антикорупциска затвори и еден случај за судија, кој ја злоупотребил службената должност, бидејќи Судскиот совет веќе постапува по укажувањата од Комисијата.

Претходно, на истата седница Антикорупциска препорача институциите да го повлечат од употреба системот „балансер“, според кој при вработување треба да има правична застапеност по етничка основа. Поради ваквиот начин на селекција до Антикорупциска пристигнале многу поплаки за случаи кога кандидатите ја менуваат националноста за да ја добијат работата.