Нов скандал го тресе струшкиот градоначалник Рамиз Мерко откако Антикорупциска по пријава на ДПИ утврди дека наставничка во основно училиште во Струга не само што не исполнувала услови да биде наставник туку и два пати по ред ја назначил за в.д директорка. Вонредниот надзор на ДПИ покажал и дека наставничката, претходно заведена со занимање апсолвент, била назначена за директор само дваесетина дена откако од приватен факултет се стекнала со диплома за завршено високо образование.
-Не ги исполнувала условите за наставник и не ги исполнувала условите за в.д директор. Постојат сомнежи дека е сторено кривично дело од страна на градоначалникот на О. Струга со нејзиниот избор за в.д директор. Се потпишала и како в.д директор и како наставник, изјава – Шемши Салаи – Член на ДКСК .
Претходно четири години била наставник со завршено средно образование, предавала по повеќе предмети и за ниту еден не ги исполнувала условите. Освен тоа, испекторатот утврдил и дека со лажни документи полагала стручен испит за в.д директор.
-Лицето не ги исполнувало условите за в.д директор, немала најмалку пет години работно искуство во воспитно образовниот процес. Немала уверение за положен испит за директор, немала сертификати за познавање на англиски јазик и градоначалникот на О. Струга не донел одлука училишниот одбор да објави јавен оглас за избор на директор и по втор пат едно по друго го именувал посоченото лице за д.д директор,- изјава – Шемши Салаи – Член на ДКСК .
Антикорупциска со иницијативата до струшкото обвинителство бара кривична одговорност и за Мерко и за наставничката – в.д директорка. Во обвинителствата се водат околу триесетина предмети поврзани со струшкиот градоначалник покажа вонредниот надзор откако американскиот Стејт департмент го стави Мерко на црната листа поради сериозни наводи за корупција. Досега ниту еден од нив не заврши со подигнато обвинение.