Антирокупциска постапува по предметот за „Еуровиа“, а од таму уверуваат дека откако ќе бидат комплетирани сите информации, на јавна седница ќе ги презентираат деталите. Велат дека побарале информации и од ДУИ и тврдат дека предметот нема да биде оставен без разрешница.
Членовите на комисијата не ја коментираа изјавата на министерот Османи кој кажа дека од медиумите дознал дека Еуровиа е донатор на ДУИ, но побараа по ова прашање да се произнесат и другите државни институции.
„Имаме отворен предмет. Се побарани информациите од ДУИ. Се докомплетираат и другите информации кои ги имавме и од ДЗР. Предметот е при крај.
„Иако во законите овие одредби се недоречени до крај. Ние нема да оставиме да останеме да не одиме до крај. Односно, санкција да не се изрече. На ваков или онаков начин ќе најдеме како да се изречат санкции. Да не бидам малициозна, но и да згрешиме подобро е да направиме чекор па да видиме дали ќе има реакција.
„Прашањето треба да го упатите и до другите институции, зошто тие молчат. Еве конкретно до бирото за јавни набавки дали направиле контрола и комисијата за заштита на конкуренција
Антиорупционерите повторно се пожалија и дека останатите државни институции не постапуваат по нивните иницијативи. Според нив, волја за борба против корупцијата во земјава има само во ДКСК и ДРЗ, кои како што велат, продуцираат иницијативи, по кои потоа не се постапува – нешто што е нотирано и во извештаите од ЕУ.
„Не можеме да бидеме незадоволни дека не се продуцираат на иницијативи, исклучиво можеме да бидеме незадоволно од тоа како другите институции постапуваат по овие наводи и на ДКСК и на ДЗР
„Волја за борба против корупцијата гледам само во ДКСК, туку се е само на хартија, демагогија и изјави. Треба имплементација. Тие што се генератор на корупцијата, дали стварно очекувате да се борат против корупцијата.
Според извештајот од ДЗР во листата донатори на ДУИ, ја има и компанијата „Еуровиа“, а податоците покажуваат дека донирале и фирмата и нејзините сопственици поединечно. Министерот Османи вели дека нема ништо незаконско во тендерската постапка за преадаптација на салата Борис Трајковски за конференцијата на ОБСЕ, а претходно преку соопштение до јавноста и од комапанијата негираа дека има прекршување на законот.
Од Јавното обвинителство пак, за Канал 5 велат дека доколку органите надлежни за откривање на кривични дела идентификуваат елементи на кривично дело тие ќе постапат согласно своите надлежности. До овој момент велат дека до нив не е доставена кривична пријава, а за друг вид на одговорност надлежни се други органи.