Социјалистот Антонио Жозе Сегуру победи во вториот круг од претседателските избори во Португалија со над 64 проценти од гласовите. За десничарскиот противкандидат Андре Вентура гласаа речиси 36 насто. Сегуру ќе ја преземе функцијата на 9 март.
„Јас ќе бидам движечката сила зад оваа промена, кон култура на посветеност фокусирана на решенија и подобрување на животот на Португалците. Со мене, работите нема да останат исти. Им го должиме ова на португалскиот народ. Ќе бидам буден, ќе ги поставувам тешките прашања и ќе барам одговори што и се потребни на земјата“, изјави Антонио Хозе Сегуро, победник на претседателските избори во Португалија.
Вториот круг од изборите се одржа во услови на многу лошо време во повеќе делови од земјата, што значително го отежна изборниот процес.
