Аплицирајте за клима уред – јавен оглас за поддршка на ранливи домаќинства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави Јавен оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Аплицирајте за клима уред и добијте право на купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа најмалку А+, како и финансиска поддршка за потрошена електрична енергија.

Министерството ќе врши мониторинг и контрола на спроведувањето на јавниот оглас, и има право да го укине решението доколку се утврдат неправилности или неусогласеност со условите од Програмата.

Целта на огласот е заштита на ранливите потрошувачи кои се наоѓаат во состојба на енергетска сиромаштија, преку унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење. Програмата е наменета за домаќинства кои исполнуваат критериуми за ниски приходи или се социјално ранливи.

Критериуми за доделување на инвертер клима уред

Право имаат домаќинства со ниски приходи, со вкупен нето месечен доход во 2024 година не повисок од:

         -25.000 денари за едночлено домаќинство,

         -31.000 денари за домаќинство со два члена,

         -37.000 денари за домаќинство со три члена,

          -43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.

Домаќинствата во кои единствен приход е пензија, имаат право ако вкупниот нето месечен доход не надминува:

          -15.700 денари за едночлено домаќинство,

          -19.800 денари за домаќинство со два члена,

          -23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена.

Право на клима уред не можат да остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима уред или печка на пелети, ниту оние со приклучок на систем за централно греење.

Критериуми за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија

Право имаат домаќинства со:

  1. Едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост,

  2. Најтешка телесна попреченост,

  3. Потполно слепо лице,

  4. Потполно глуво лице.

Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.

Потребна документација за клима уред

           -Пополнетo барањe (обрасци 1 и 2)

           -Изјава заверена на нотар

           -Фотокопија од лична карта на барателот

           -Фотокопии од лични карти за членовите на домаќинството (полнолетни лица) или изводи од матични книги за малолетни

           -Извод од матична книга на венчани, потврда за развод или посмртница

           -Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година

Потребна документација за финансиска поддршка

           -Пополнети обрасци 1, 2, 3 и 4

           -Изјава за веродостојност заверена на нотар

           -Фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток

           -Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година

           -Фотокопија од лична карта на барателот

           -Фотокопии од лични карти или изводи за членовите на домаќинството

Начин на доставување на документацијата

Обрасците и изјавите се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот Јавни огласи. Документацијата се доставува по пошта или лично на адреса: ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје.

Контакт телефони: 071 319 074; 070 381 162
Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk

Рокови за аплицирање

           -За инвертер клима уред – рокот е 60 дена од објавувањето, односно до 5 октомври 2025 година.

           -За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија – рокот е 30 дена, односно до крајот на август 2025 година.