Осомничен за планирање напад врз институции
Во австрискиот град Леобен, во регионот Штаерска, уапсен е 18-годишен тинејџер со потекло од Македонија, под сомнение дека планирал терористички напад. Според австриските медиуми, младиот човек пребарувал на интернет како се изработуваат експлозивни направи и правел планови за напад на државни институции.
Поврзаност со Исламска Држава
Полицијата информира дека уапсеното лице било приврзано за терористичката организација Исламска Држава (ИД), при што неговите активности биле оценети како сериозни и потенцијално опасни. По добиена оперативна информација, јавниот обвинител наредил итно апсење. Тоа се случило во неделата, во близина на домот на тинејџерот, по неговото враќање од патување во Македонија со семејството.
Негирање на вината и претходна историја
Иако осомничениот ги негирал намерите за извршување напади, полицијата потврди дека тој веќе им бил познат од порано. Случајот потсетува на сличен инцидент од минатата година, кога 19-годишен Австриец со македонско потекло беше уапсен поради планирање терористички напад за време на концерт на пејачката Тејлор Свифт.
За потсетување, Австриската полиција објави дека еден од уапсените за планирање терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена бил во контакт со обезбедувањето на стадионот „Ернст Хапел“. Таа требаше да има концерт во Виена. Концертите вчера беа откажани поради сериозни безбедносни закани. Потоа беа уапсени вкупно тројца австриски државјани на возраст од 15, 17 и 19 години.
Весникот „Кронен цајтунг“ објави дека 19-годишниот Мухамед имал потекло од Македонија. Властите го следеле подолго време. Повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.