На Граничениот премин Богородица, на влез во Република Северна Македонија денеска во 15:20 часот се пријавил К.Г.П. (36) од Полска, кој при контролата приложил фалсификувана полска лична карта.

-Направени се дополнителни проверки преку Секторот за меѓународна полициска соработка, при што е утврдено дека лицето е предмет на меѓународна потрага од страна на Интерпол Варшава, информира МВР.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава против лицето за сторено кривично дело фалсификување исправа.