Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 16 часот, на улица”Иво Лола Рибар” во Тетово, со судска наредба, го привеле 34-годишниот тетовец И.А. осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело” неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Нaбргу потоа, И.А.спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.