Полицијата денеска го уапси Ф.А. (33) од Арачиново поради основано сомнение дека на 11.9.2023 околу два часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, ги нападнал со остар предмет В.С. (30) и М.Н. (38) од Скопје и им нанел повреди.

„Денеска е поднесена кривична пријава по брза постапка против Ф.А. за сторено кривично дело „убиство во обид“, и „насилство“ и во текот на денот тој ќе изнесен пред Судија на претходна постапка“, соопшти полицијата.