Продолжуваат преписките меѓу вицепремиерот Изет Меџити и Министерот за здравство Арбен Таравари. Откако Таравари ја напушти коалицијата ВЛЕН, сега направи значаен чекор, најавувајќи дека соработка со ДУИ во вториот круг на локалните избори. Соработката ја опиша како „реална можност“. Оваа најава доаѓа во време на растечка политичка напнатост меѓу коалицијата Вреди и Алијансата за Албанците.

Арбен Таравари: Соработка со ДУИ не е исклучена

Во своето интервју за емисијата „Стадион“, Таравари јасно истакна дека соработка со ДУИ во вториот круг не е невозможна. Иако рече дека Алијансата за Албанците преферира да настапува самостојно, сепак остави простор за поддршка со ДУИ каде што ќе биде стратешки неопходно.

Со тоа, тој потврди дека имал телефонска комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Иако физичка средба не се случила, разговорот покажува дека одредени канали за комуникација се отворени.

Од коалиција во нова политичка партија: Меџити најавува обединување на ВРЕДИ во едно тело за локалните избори

Реакцијата на Изет Меџити: Барање за напуштање на Владата

Изјавата на Таравари за потенцијална соработка со ДУИ дојде по директниот повик на Изет Меџити. Лидерот на Демократското движење јавно побара Алијансата за Албанците да ја напушти Владата, што дополнително ја усложни политичката сцена.

Таравари возврати дипломатски, нагласувајќи дека нивното останување во Владата зависи од ставот на премиерот. Со оваа изјава, министерот индиректно покажа дека не е исклучена ниту опцијата за опозициско дејствување.

Политичката судбина на Алијансата за Албанците виси во воздух

Ситуацијата ја отвора дилемата за иднината на Алијансата за Албанците. Одлуката дали ќе останат во Владата или ќе ја официјализираат соработката со ДУИ на локално ниво ќе зависи од развојот на политичките настани во наредните недели.

Иако Арбен Таравари ја нагласува нивната заинтересираност за продолжување во Владата, сепак тој покажува подготвеност за сите сценарија, вклучително и за потенцијални предизборни договори.

Детално може да погледнете во продолжение:

Села побара Таравари да излезе од Владата – на повидок повторно обинување на Алијансата?

Јасно е дека политичкиот пејзаж станува сè понеизвесен. Изјавите на Таравари ја отвораат вратата за нови комбинации и стратешки договори. Дали соработката со ДУИ ќе стане реалност или Алијансата за Албанците ќе избере поинаков пат – останува да видиме наскоро.