Ве повикувам и ја барам поддршката од вас за остварување на првата победа на 24-ти април и конечната победа на коалицијата „Вреди“ на 8-ми мај, истакна претседателскиот кандидат Арбен Таравари, а пренесе МРТ.
Ве замолувам за вонредна мобилизација, за да ја направиме разликата од 7.000 гласови како што ветивме. Ми велат дека тоа сум го ветил и сега треба заедно да го направиме, дополни тој.
Разлика од 7.000 гласови
„Во 2016 година во Гостивар ја победивме ДУИ, а на овие избори победата на „Вреди“ ќе биде со голема разлика. Победите овде од Гостивар од 2016 се редат една по друга и нема дилема дека повторно ќе се издвојува голема победа во Гостивар на 24-ти април, но не ја знам разликата. Сè уште се сомневам дали ќе победиме во Гостивар со 5.000, 6.000 или 7.000. Затоа, овие два-три дена да продолжиме да работиме заедно“, изјави Арбен Таравари кандидат за претседател од коалицијата „Вреди“.
Носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ6 и лидер на „Беса“, Биљал Касами упати критики до политичките противници од Европскиот фронт предводен од ДУИ.
Голема мобилизација
„Народот вели дека затворот е за мажи, но и за криминалци. Криминалот не поминува неказнето, бидејќи во спротивно, продолжува. Од тука ви испраќам поздрав, ви кажуваме дека не се плашиме од вас, дека не се плашевме од режимот на Милошевиќ и не се плашиме од шпиони или пиони на Вучиќ, Ви ветувам голема победа, Затоа од вас барам голема мобилизација и сите масовно да гласаме на 24-ти април и 8-ми мај“, изјави Биљал Касами.
Лидерот на Демократското движење Изет Меџити порача дека со „Вреди“ ќе има правна држава.