Владата денеска свечено ќе го означи стартот на изградбата на коридорите 8 и 10-д со поставување камен-темелник. Настанот ќе се одржи на првата наплатна рампа на автопатот Тетово-Гостивар, каде што веќе теренот е подготвен.
Поставена е метална конструкција од каде што најверојатно ќе се обратат владините претставници. Се чисти и теренот.
На местото каде што ќе се одржи настанот репортерката екипа на ТВ Телма денеска забележа и комбе на фирмата „Арбериа дизајн“. Од Владата не одговориле кои фирми се ангажирани за церемонијата и колку таа ќе чини.
„Го контактиравме претставникот (на ’Арбериа‘) дали е ангажиран за утрешната манифестација. Ниту негираше ниту потврди“, пренесува телевизијата.