Репрезентациите на Аргентина и на Хрватска вечер од 20 часот во Лусаил ќе го почнат првото полуфинале на Светското фудбалско првенство во Катар.
Аргентина важи за фаворит на овој дуел. „Гаучосите“ во осминафиналето ја совладаа селекцијата на Австралија (2:1), а во четвртфиналето ја победија Холандија (2:2, 4:3) по изведување на пенали.
Хрватската репрезентација ги доби двата меча од плејоф фазата по изведување пенали. Против Јапонија (1:1, 3:1) и Бразил (1:1, 4:2).
Во второто полуфинале утревечер во Ал Хор ќе се соочат Мароко и Франција.