Архиепископот Стефан
Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан изрази сочувство.
„Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот.
- Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила.
На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление“, стои во соопштението.