„Пулс“ и претходно користел оган во настапите – дали трагедијата можела да се спречи?
Во кочанската дискотека „Пулс“ имало „огнено шоу“ четири месеци пред кобната несреќа. Истрагата треба да покаже, но од она што се виде од видеото снимено непосредно пред трагедијата во дискотеката во Кочани, пиротехничките прскалки на бината го предизвикуваат кобниот пожар, а пак, несоодветните градежни материјали го шират за многу кусо време, пренесува Фокус.
Случајност или негрижа? Оган на бината во „Пулс“ забележан и пред фаталниот пожар!
Но, она што може да се забележи од архивските фотографии на дискотеката „Пулс“, не е прв пат на бината да се користат запаливи реквизити. Фотографиите во продолжение сведочат дека пред четири месеци, односно во ноември минатата година дел од танчарките прават шоу со оган.
Повеќе може да погледнете во продолжение:
Сепак, станува збор за различни реквизити, односно на фотографиите нема прскалки, како при настапот на ДНК.