Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, синоќа беше гостин во студиото на ТВ21 во дебатниот магазин „Click Plus“.

-Оваа Влада нема лигитимитет. Ова мнозинство не е стабилно. Нема да издржат. Гледате, ДУИ прави кампања против СДСМ. Ние како движење Беса, овој период сме фокусирани на внатрешни партиски избори. Имаме конгрес. Исто е и со Алијанса за Албанците, изјави Хоџа во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој вели дека оваа Влада нема да издржи и дека ќе има нови предвремени парламентарни избори.

-Веднаш по периодот на конгресот, ние ќе испровоцираме нови избори. Нема да кажам како, но тоа ќе се случи. Дали преку протести, дали преку други механизми, ќе видиме, додаде Хоџа.