Реџепи денеска не се појави во Собранието и неговото отстуство значеше дека нема да има минимална бројка од 61 глас за прогласување на недоверба на Владата.
-Врвот на опасноста над демократијата го достигнува кога преку недемократски форми ниту пратениците не можат да ја изразат слободната волја. Заканите, уцените или другите форми на влијание се показатели за инсталирање режим кој е наметнат врз волјата на народот. И покрај тоа, Движењето БЕСА ја продолжува борбата. Да чекориме по нашиот свет пат за да го победиме ПОНИЖУВАЊЕТО!Секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето БЕСА го продолжува своето политичко патување. Соработката на опозицијата со АШ-ААА ќе продолжи до последниот пад на овој режим“, објави Хоџа.