Гасење на пожар кај велешко и во соседните региони, армиската помош е клучна
Во тек е гасење на пожар кај Велешко, каде што активен е пожарот во селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, кој зафаќа мешана шума. Во општина Македонски Брод истовремено гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина.
Армијата денеска беше интензивно ангажирана во гасењето на пожарот во регионот на селото Џидимирци и Крушје, велешко. Нивната интервенција е дел од напорите за ставање на огнот под контрола.
Под контрола е ставен пожарот во селото Николич, во Општина Дојран, за кој вчера беа ангажирани два авиона Ер-трактор за негово гасење. Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 08:00 часот утрово се регистрирани 21 пожар во земјата. Од нив, два се активни, еден е под контрола, а 18 се целосно изгаснати.