-Пред само неколку години, еден од најспоменуваните проблеми во Армијата беше недостигот на чизми и униформи за нејзините припадници. Покажавме дека со политичка волја и работа можат да се решат тие проблеми. Но, не застанавме тука. Го решивме проблемот, но воспоставивме и систем на снабдување кој треба да гарантира дека таквите проблеми никогаш нема да се повторат. Затоа, беше воведено правило на целосна покриеност на припадниците на Армијата со два комплета борбена униформа, и тоа правило целосно го реализиравме, стои во соопштението на Министерството за одбрана.
Новите униформи вчера пристигнале во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје. Со ова целосно се завршува опремувањето на Армијата со нови борбени униформи, наведуваат од Министерството за одбрана.