Армијата во западноафриканската земја Буркина Фасо соопшти дека убила повеќе од 100 осомничени терористи, јави ДПА.
-Исламистичките милитанти беа совладани во две операции во петокот на северот на земјата во близина на границите со Мали и Нигер, соопшти денеска Армијата во соопштение прочитано на државната телевизија.
Според соопштението, безбедносните сили уништиле возила на терористите и заплениле опрема и дрога. Во операцијата загинаа и петмина припадници на безбедносните сили.
Повеќе од два милиони луѓе се раселени во земјата како резултат на немирите