Пожарот кај Богданци утрово беше ставен под контрола, но попладнево избнувна нов, во источниот дел од полигонот „Криволак“ … Гори нискостеблеста шума на непристапен терен, а во гасењето пред малку се вклучи и армиски хеликоптер…
Пожар го зафати армискиот полигон Криволак. Избувнал на стариот полигон за Атомско биолошко хемиска одбрана(АБХО), на непристапен терен. За пожарот којшто е од поголем обем и најверојатно избувнал во ноќните часови, се известени и надредените во АРМ по што е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен.
Во овој момент нема интервенција на истиот од терен затоа што противпожарните служби засега немаат информација колку е безбедно бидејќи се работи за полигон кој се користел за вежби и на него има минско експлозивни средства, велат од ЦУК.
А попладнево пак изгаснат е пожарот кој од вчера го зафати атарот на селото Ѓавато, општина Богданци, по целовечерна борба со огнената стихија во чие гасење се вклучи и армиски хеликоптер. Но жители на селото и понатаму стравуваат повторно да не се разгорат жариштата. Сведочат како селото било во обрач од огнот а се слушале и експлозии.
На терен и понатаму се пожарникарски екипи и доброволци од соседните општини, Дојран и Гевгелија и Кавадарци. Пожарот кој избувна кај Ѓавато и околината, во првите неколку часа имаше опасност по куќите во селото, но и блискиот ветерен парк и станицата за вода, која е дел од системот за полнење со вода на Дојранското езеро.