Арнаудов додаде дека ова вечерва што го направи Кастриот Реџепи не е човек, не мисли за доброто на Македонија.
„Сметам дека она што го остваривме како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ќе продолжи и понатака, патот на успехот е веќе трасиран. Нема зошто да се грижи ниту членството, ниту симпатизерите, ниту пак гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. А, исто така немам никаква двојба дека оваа соработка со албанскиот политички фактор каде што нас ни се припишуваше дека немаме капацитет да коалицираме со албански партии еве покажавме дека со три албански партии прогресивни имаме коалиција. Малкумина знаат дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е определена за 300 години“, појасни Арнаудов.
Арнаудов посочи дека овој четврток ќе биде запаметен како диктаторски четврток, власта преку закани и уцени се обидува да го одржи мнозинството кое што одамна веќе го нема.