Ламбе Арнаудов од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ изрази апсолутна сплотеност во партиските структури и поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот, Христијан Мицкоски во борбата за зачувување на националните обележја на македонскиот идентитет.
Арнаудов ова го истакна на неговото вклучување во вестите на македонскиот јавен сервис МРТ1, од втората конференција на Унијата на ветерани која што денеска се одржува во Струмица, при што го изрази неговото пријатно чувство од ваквите настани на кои што можат да се сретнат со многу луѓе со кои долги години не се виделе и на кои можат да разговараат и да разменат мислења околу дејствувањето на унијата.
„Ова е една извонредна можност да ја искажеме нашата апсолутна сплотеност и единство во поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ предводена од нашиот претседател Христијан Мицкоски. И секако структурите кои што ја сочинуваат партијата кои сме единствени, заедно она што за ВМРО-ДПМНЕ значи одбрана и заштита на интересите на Македонија заокружена како држава дефинитивно и сочувување на сите обележја што значат македонски идентитет. И сите структури на тоа се насочени. Мислам дека ова е една ретка прилика каде што ќе го демонстрираме тоа со огромна вистинитост и на среќа на сите наши членови“, рече Арнаудов.
Тој ја искажа недвосмисленоста околу определеноста за ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток и од основањето каде што е определено за евроатланските интеграции кои ги негува и никако не запоставувајќи ги изворните принципи, критериуми, и начела што изворното ВМРО го поставило пред македонскиот народ.
„Можам слободно да кажам дека освен годините што ги имаме во разлика со младите, јас чувствувам дека скоро нема никаква разлика, нашите младинци одат цврсто по патот кој што ние сме го зацртале и се вени придружници и јас сум среќен и убеден дека во иднина ќе не надминат нас во своето дејствување во корист на оние основни принципи сочувување на Македонија, заокружување на државноста на Македонија, а исто така и она што претходно го кажав обележјата на македонскиот идентитет да останат никогаш недопрени. Сите сме за Македонија да влезе во евроатланските интеграции како полноправна членка но никако условено, понижено или со свиткана кичма. Одиме право, онака како што прилега на една институција која значи ЕУ што е храм на демократијата и тоа сакаме да биде прифатливо и пренесено на сите земји членки а не селективно“, истакна Арнаудов.