Данела Арсовска е уцената со неколку кривични пријави од страна на клептоманската власт предовдена од СДС и е дел од дезертерската коалција на антимакедонската СДС.Дезертер градоначалничката е седната во скутот на СДС заради најмалку две нејзини кривични пријави, едната за скандалот со пречистителната станица за Град Скопје и втората за палењето на автомобилот на претседателката на стопанските комори, каде што Арсовска е посочена како главен виновник во ова дело, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од одржаните тајни средби со Ковачевски и врвот на СДС било договорено Арсовска да застане на чело на клептомантската новоформирана коалиција, а во замена кривичините против неа да завршат во нечија фиока. Токму затоа и СДС и плати на Арсовска билборди против ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа СДС не бара нејзина оставка. Дека Арсовска работи за СДС говори и фактот што четири дена од партијата жестоко ја бранат и одговараат во нејзино име исто како да го бранат Ковачевски. На целокупната јавност им е јасно дека Данела Арсовска одработува за клептоманската власт на СДС, истакнуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Дали заради сите овие незаконски дејствија сторени од Данела Арсовска, сега таа бара спас во друштвото предводено од дезертерот Ковачевски“?