Арсовска и СДС ги донесоа градските претпријатија пред банкрот, градот тоне заради тандемот Тачела, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовска го назначи Александар Стојковски кадар на СДС за директор на ЈСП, тој го потпиша договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат.
Само врз основа на договорот за набавка на гориво без рабат, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра. Со тие пари може да се покрие долгот кон приватните превозници.
Скопје тоне затоа што со него управува Арсовска, СДС, ДУИ и Левица.
И ЈП Водовод и канализација, како и ЈСП тоне во проблеми. Два милиони евра е долгот на Клинички кон ЈП Водовод и канализација, а Арсовска не презема ништо да го наплати.
Тандемот Тачела го носи Скопје во пропаст. Оставка од Арсовска, за градот да излезе од хаосот во кој го втурнаа заедно со Ковачевски, се вели во соопштението на партијата.