Ќе го издржам темпото на работа како овие први 82 дена во наредните 4 години, рече во синоќешната емисија „Заспиј ако можеш“ на „Алфа“ градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска
Имам должност пред граѓаните да го издржам тоа темпо, рече таа.
Арсовска исто така истакна и дека претходниот градоначалник Петре Шилегов во неговиот четиригодишен мандат успеал да реализира само 5% од својата програма.
Математички прецизно, пресметано. Тоа значи дека 95% ги разочарал граѓаните. Затоа почнувам активно. Мора и да се продолжи активно. Колку и да се обидува власта да прикаже неуспех во работењето, секојпат самите себе се демантираат. Се побиваат уште утредента, вели Арсовски.