Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше во Македонско-Чешкиот бизнис форум кој се одржа денеска во Скопје.
Во рамки на форумот Арсовска имаше билатерална средба со заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки на која се договорија конкретни чекори и активности за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
Арсовска во своето обраќање ја потенцираше одличната соработка која македонските компании ја имаат со компаниите од Р. Чешка, која е во топ 20 трговски партнери на Македонија.
Таа додаде дека ова е одлична можност за вмрежување на компаниите, како и дека Градот Скопје става на располагање поддршка на компаниите кои се заинтересирани за инвестиции во Скопје.
На бизнис форумот свои обраќања имаа и заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки, амбасадорот на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва, како и заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.