Денес имавме конструктивна средба со претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, напиша таа на Фејсбук.
– На средбата се разговараше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на кадри, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори, а стана збор и за конкретни преговори за правата на вработените, редовна и правилна распределба на платите, како и за потпишување нов Колективен договор- соопшти Арсовска.