При неформалната средба со граѓаните на Ѓорче Петров, на неколку локации вклучувајќи го и зелениот пазар, Арсовска разговараше при што жителите на оваа населба отворено зборуваа за недостатоците во општината.
– Жителите на Ѓорче Петров најмногу реагираат на недоволната хигиена во населбата, проблемот со уличните кучиња и воопшто негрижата за тревните површини, а водоснабдувањето и намалениот притисок преставува сериозен проблем, за којшто ние во програмата имаме брзо и сигурно решение. Ѓорче Петров е една од поголемите општини што вклучува повеќе населени места и со тоа проблемите се зголемуваат, но за секој проблем, за секое населено место и општина, има конкретно и точно таргетирано решение. Затоа се обврзуваме дека ќе ги решиме сите проблеми и тоа веднаш после 17 октомври. Од првиот ден ќе започнеме со работа”, истакна Арсовска по средбата.