На средбата, како што соопшти Град Скопје, се зборувало за значењето на организираната борба за слобода, за пожртвуваноста на многубројните борци кои ја извојуваа победата, како и за идеалите за современо општество.
– Пожелувајќи им добро здравје и понатамошна успешна соработка, Арсовска им се заблагодари за храброста, силата и упорноста која ја покажаа сите борци во борбата за слобода за нас и за идните генерации. Таа истакна дека почитта кон ликот и делото на нашите народни херои и пожртвувани борци и нивниот непокор е ода на слободата и не потсетува колку е значајно да ја чуваме, пред се преку негување на човечноста и взаемната почит меѓу луѓето, се наведува во соопштението.