Целата постапка за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е завршена, но градоначалничката Данела Арсовска не сака да се потпише договорот, пишува СДК.мк.
Проектот за изградба на пречистителната станица чини 137 милиони евра кои се обезбедени преку кредит од Европската инвестициона банка. Ниту Арсовска, ниту новиот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски под чија надлежност е проектот, не кажуваат зошто тендерот не се потпишува и зошто го кочат овој важен проект за градот. Тие упорно со месеци ги игнорираат сите прашања поврзани со оваа тема од новинарите и од советниците во Советот на Град Скопје.
Целиот текст овде.