– Подеднакво важна е грижата за здравјето на граѓаните како и вистинската грижа за националната економија што е основен услов за пристоен живот на сите граѓани. На денешната конференција „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност” како дел од Економскиот и финансиски форум 2021 на Министерството за финансии, истакнав дека е потребна силна институционална поддршка, што е еден од главните темели преку кои може да се постигне економски раст во следните години.

Сојузот на стопански комори на Македонија предложи и поддржа голем број на економски мерки кои имаа огромни бенефити во зачувување на работните места и обезбедија одржливост на приватниот сектор соочен со пандемијата, особено за микро и малите претпријатија, што е важно за да се адаптира, преживее, а потоа и закрепне националната економија, напиша Арсовска на „Фејсбук“.