Кои јавни претпријатија влегуваат во нејзина надлежност?
Јавното Претпријатие ”Паркови и зеленило” кое е најстаро претпријатие, ЈП Градски паркинг – Скопје, ЈП Улици и патишта, Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Водовод и канализација”, Депонијата Дрисла и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ кое е најново.
Освен со овие, Арсовска ќе раководи и со низа јавни културни установи и тоа: Градската библиотека, Културно информативниот центар–Скопје, Дом на културата “Кочо Рацин” – Скопје, Младински Културен Центар – Скопје, Музеј на Град Скопје, Универзална сала – Скопје, Зоолошка градина – Скопје и Детски Културен Центар “Карпош”.
Во надлежност на новата градоначалничка влегуваат и Територијална противпожарна бригада на Град, како и сите вкупно 23 средни училишта на подрачјето на Град Скопје.